Државната изборна комисија денеска треба да одлучува по приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино.



ДУИ не се помирува – приговара за прегласувањето во Желино

За прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во петтата и шестата изборна единица, до ДИК немаше други приговори.

По прегласувањето, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ.

Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14 пратенички места.

На одлуката од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на истата.