Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат.
Празникот Младенци е еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус
Во денови на жалост, традиционалното собирање и прослава треба да изостане. Наместо тоа, младенците утре можат да го одбележат празникот со молитва.
Инаку, 22 март младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината.
Младенци ги слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале по 22 март претходната година.
Младенци секогаш паѓа во периодот на големиот Православен пост.
Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.






