Во знак на сочувство за настраданите во трагичниот пожар во дискотелата „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица, а над 150 се повредени од кои 51 се лекуваат во повеќе држави во блиското и подалечно соседство, денеска е Ден на жалост во Србија, Бугарија, Босна и Хрцеговина, а вчера и Црна Гора.
Во Србија каде на предлог на претседателот Вучиќ денешниот ден беше прогласен за Ден на жалост, на лекување се испратени и дел од повредените во Кочани. Нив вчера ги посети претседателот Вучиќ, кој кажа дека во здравствените установи во Србија ќе бидат згрижени вкупно 29 повредени лица.
И бугарската Влада на вонредна седница донесе одлука денеска да биде ден на жалост во знак на солидарност со Македонија. Во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во болници во Софија, Пловдив и Варна. Искажа подготвеност за прием и на други повредени доколку има потреба.
Ден на жалост денеска е и во Федерацијата Босна и Херцеговина, а во текот на вчерашниот ден и во Црна Гора.
Порака „За Кочани- Србија е со Македонија“ синоќа во Белград






