Денеска во Бутел испратена лекарката што се грижеше за здравјето на десетици илјади македонски деца

Денеска на скопските градски гробишта во Бутел беше испратена лекарката што во својата кариера се грижеше за здравствената состојба на десетици илјади македонски деца.



Доктор Марија Христова, професорка на медицинскиот факултет во Скопје беше една од доајените на македонската педијатрија, која целиот свој работен век, го посвети на лекувањето и здравјето на најмладите и најранливите.

Како лекар, практичар, доктор Христова работеше 38 години на клиниката за детски болести, како педијатар со супспецијализација пулмолог.