„Дебар е дел од природна Албанија и со отворањето на патиштата ќе стане пак центар на сите Албанци!“ – кажа Билал Касами, лидерот на Беса, членка на албанската коалиција Вреди, која е дел од Владата на Македонија, во својата поздравна реч вечерва, на 23 октомври 2024 година во општина Дебар. Таму беше отворена канцеларија на дебарскиот огранок на Беса.“ Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“ во својата вест со наслов „Билал Касами: Дебар е центар на сите Албанци“. Ако е пренесена веродостојно изјавата на Касами од споменатиот информативен портал, таа создаде дилема: што сакаше да порача Касами со изнесениот став? Во која смисла Дебар, град во Македонија, може да биде „дел од природна Албанија“? Што значи изразот „природна Албанија“, кој го употреби Касами?
Во својата вест порталот дополнува: По истапувањето на Билал Касами зборуваа и организацискиот секретар на Беса и пратеник во парламентот Аднан Азизи и претставници на други структури на оваа партија.





