Две насилства се случиле вчера во еден ден во две македонски соседни болници на брегот на Охридското езеро.
Наместо центри за пружање помош и нега во болниците во Охрид и Струга се случувало насилство.
Во Охрид вработена во болницата нападнала колешка а само четири часа подоцна во Струга пациент натепал друг пациент од Велешта, се вели во соопштението од Стефан Димовски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид.
На 24.01.2025 во 13.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни обврски. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.01.2025 во 09.00 часот во ОВР Струга е пријавено дека во кругот на Општата болница во Струга, едно лице го нарушило јавниот ред и мир со физички напад врз Б.К.(58) од струшкото село Велешта. По целосно расчистување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на СВР Охрид.






