Две лица фатени со систем за фалсификување на избори на избирачки места под контрола на локален моќник

Фото: Стефан Димоски
Портпарол на СВР Охрид



Полициски службеници во Охрид откриле две лица фатени со систем за фалсификување на избори. По откривањето тие дале исказ во СВР Охрид а повеќе други лица се повикани во полиција во врска со сторени повеќе кривични дела поврзани со изборни нерегуларности.

Кршењето на изборниот законик се случил во првиот круг на претседателските избори на 24 Април.

На членовите на политичката партија од власта чиј кандидат не успеа да влезе во вториот круг од претседателските избори им се заканува затворска казна и до десет години.

,,На 06.05.2024, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори одржан на 24.04.2024, од судија на претходна постапка обезебедена е наредба за претрес во дом и помошни простории кај М.М.(51) од Охрид и Т.Ц.Т (44) од Охрид, членови на избирачки одбор предложени од политичка партија.

При претресот пронајдени се два мобилни телефони, во кои се пронајдени фотографии од избирачки список со лични податоци од гласачи во избирачкиот список, фотографии од гласачки ливчиња со заокружен број, кои се испраќани од гласачи како доказ дека го дале својот глас за еден кандидат, потоа споделени во креирана група за комуникација на мобилна апликација за комуникација.

Со двете лица извршен е разговор во полициска станица. Дополнително, во текот на денешниот ден повикани се и други лица со цел обезбедување на дополнителни доказни материјали за кривичното дело по член 149 од КЗ “злоупотреба на лични податоци” и прекршок по член 190 став 2 од Изборниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци”, стои во соопштението испратено од портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Неофицијално трите изборни места каде се случил изборниот криминал се под делумна контрола на локален моќник бизнисмен кој неколку пати имаше проблем со законот но досега не е осуден за ниту едно дело.