Двајца мажи од Македонија, едниот на возраст од 61 година, а другиот 39-годишен сопственик на изумот, се приведени вчераутро од полицијата на швајцарскиот кантон Сент Гален за организирање нелегално спортско обложување во клуб во градот Вил.
Покрај двајцата жители на регионот со потекло од Македонија, во полициската рација се уапсени и две жени што работеле на црно во локалот и без постојан престој во Швајцарија – едната 28-годишна Србинка, а другата 24-годишна државјанка на Босна и Херцеговина.
Во акцијата на полицијата се запленети документи, како и неколку лаптопи и други електронски уреди со кои се организирало нелегалното обложување.
Полицијата најави кривични пријави за приведените, а ќе ги испита и правните мерки за имиграција.





