Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против З.С., полициски службеник во Полициска станува од општа надлежност Тетово.
Полицаецот e осомничен за кривично дело „оддавање на службена тајна“.
„Пријавениот како службено лице – полициски службеник во 2023 и 2024 година прибавувал податоци што претставуваат службена тајна на начин што имал увид во билтенот за дневни настани на МВР и анекс планови за планирани акциски контроли и активности по казина и угостителски објекти планирани и преземени од полициски службеници од СВР Тетово, УЈП, ДПИ и ДИТ. Прибавените податоци ги сторил достапни на физичко лице вработено во казино“, извести МВР.
Најчитани статии
Додека граѓани бараат бојкот за бугаризацијата на Која Кола експерти велат дека Скопска Пивара прави негативен ефект со својата кампања
Маркетинг фијаско – Македонската Кока Кола ги навреди сите Наталии, како Наталија стана Намалија






