Браќа кои студирале на престижниот Технолошки институт во Масачусетс (МИТ) се уапсени во САД под обвинение дека извршиле најсовремена измама за да украдат криптовалути во вредност од 25 милиони долари за само 12 секунди.



За прв пат во САД, Федералните обвинители на Менхетен соопштија дека же биде поднесена кривична пријава по измамата што ја извршиле Антон (24) и Џејмс Пераир-Буено (28) , пренесува Си-Ен-Ен.

Грабежот бил извршен во 2023 година. Имено, откако браќата добиле пристап до трансакции кои беа во процес на реализација и ги променија движењата на криптовалутата.

Обвинението ги товари за здружување за електронска измама, електронска измама и заговор за перење пари. Антон Пераир-Буено е уапсен во Бостон, додека Џејмс Пераир-Буено е уапсен во Њујорк.

Двајцата браќа студирале на МИТ со седиште во Кембриџ, Масачусетс, каде што, според обвинителите, студирањето компјутерски науки и математика ги развило вештините и образованието на кои се потпирале за да ја извршат својата измама.