За помагање во обидот за атентат врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, приведени биле две лица објави телевизија Сител.



Во тек е постапката да се идентификува и да се приведе напаѓачот кој со автоматска пушка стрелал врз градоначалникот.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети отфрли „политичка позадина“ и шпекулации за наводна  внатрепартиска пресметка помеѓу поранешниот градоначалник Брахим Ајвази и актуелниот Ибраими.

„Мислам дека претходно беше разговарано за да се надминат разликите меѓу Ајвази и градоначалникот на Општината, го направивме невозможното, но се што направивме не успеа, рече Ахмети и нагласи дека верува дека случајот нема политичко-партиска заднина.“, рече Ахмети.

Градоначалниот Ибрахими трет пат во полиција пријавува насилство или закани пред една година пријавил закани по живот кои ги добивал од поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази.