Повторно се разгоре пожарот над охридското село Косел, а два хеликоптера, еден на македонската полиција и еден српски, од утрово се ангажирани во негово гаснење.



Директорот на Центарот за управување со кризи вчера изјави дека овој пожар повторно се шири.

„Од време на време локалните власти со поддршка на хеликоптери на МВР и на Република Србија успеваат да воспостават контрола, но за жал истиот уште не е изгаснат“, рече Ангелов.