Два тигри спасени од една напуштена зоолошката градина во сирискиот град Алепо за време на војната, ќе добијат нов дом во Холандија, се вели во соопштението од организација за заштита на животните.
Тигрите кои се од една мајка, Султан и Саида, ќе пристигнат во понеделник во Холандија. 11 животни беа евакуирани претходнава година од зоолошката градина и забавниот парк од опустошените сириски градови, пишува агенцијата АFP.

Доброволната организација „Четири шепи“, која им помага на животните од целиот свет, ги доведе тигрите од Сирија и Турција на крајот од јули заедно со пет лавови, две мечки, две хиени и две кучиња.
По краткиот престој во Турција во центарот за грижа и третман на животните, каде што закрепнаа од исцрпеност поради негрижа, животните биле земени во Јордан во средината на август. Повеќето од 13 животни ќе останат во Јордан, а тигрите Султан и Саида ќе бидат пренесени во засолништето во Холандија.

„Ова е одлична втора шанса за овие животни“, рекоа од агенцијата.
Тигрите подоцна може да бидат префрлени на друга локација во зависност од нивното закрепнување.





