Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека денеска заминуваат пилотите и другиот воздухопловен персонал од Кипар што помагале во гаснењето на пожарите низ Македонија.



„Утрово, директорот на ЦУК, Ангелов ги испрати пилотите и другиот воздухопловен персонал – тим за двата ПП авиони ‘ертрактор’ од Кипар, коишто помогнаа до максимум според можностите и на персоналот и според техничките можности на воздухопловите во справувањето со пожарите од поголеми размери во Македонија. Притоа искажа голема благодарност за помошта и до нив лично и до нивната држава“ соопшти ЦУК.