Дачиќ во Атина се покајал што не не признал како ФИРОМ

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ повторно се покајал што во 1995 година Србија не ја признала Македонија под референцата ФИРОМ.



Оваа изјава Дачиќ ја дал на вчерашната средба со грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас  во Атина. Дачиќ и предходно изјавуваше дека Србија направила грешка кога во 1995 година не го признала  името од ОН за именување на Македонија.

Дачиќ беше дел од партијата и владата на Милошевиќ во времето на распадот на Југославија а по заминувањето на лидерот на Социјалистите во Хаг тој ја наследи партијата со која веќе 17 години е дел од политичката елита на северниот сосед.

За време на одбележувањето на 100 годишнината од кумановската битка кога тогашната македонска влада дозволи прослава и за него направи прием во Скопје, Дачиќ изјави дека српскиот и македонскиот народ се најблиски и се заблагодари за гестот на македонската држава.

Дачиќ е лут на Македонија затоа што на гласањето за Косово во ОН македонските делегации гласаат или во корист на Приштина или се воздржани.