Апсолутно не размислувам повторно да се кандидирам за градоначалник на Град Скопје, изјави актуелната скопска градоначалничка Данела Арсовска.
На денешната прес-конференција по повод донацијата на 6 еколошки градски автобуси од ЕУ, Арсовска рече дека не ѝ паѓа напамет повторно да се трка за градоначалничкото столче во главниот град.
– Кога јас се кандидирав за градоначалничка на Град Скопје, тогаш ја имав поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, којашто за жал, не траеше долго. Раководството на оваа партија едноставно не успеа да се надмине себеси. Суетите таму се преголеми. Благодарам, ама јас со такви луѓе не сакам никогаш повеќе да работам – рече Арсовска.
На новинарско прашање кога и дали воопшто ќе се украсува главниот град во пресрет на новогодишните празници, таа одговори дека постапките се започнати и дека уште следната недела граѓаните ќе ја дознаат програмата.





