Данела има нова желба за директор на ЈСП, ќе прифати ли екс менаџерот на Телеком

Градоначалничката на Скопје во заминување Данела Арсовска има нова желба за директор на Јавното скопско сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје.



Според луѓе од раководството на градот блиски на градоначалничката најнов кандидат за директор на едно од најпроблематичните скопски јавни претпријатија е екс директорот на Телеком односно Мобимак Јован Петровски.

Според луѓето од раководството на главниот град под команда на Данела Арсовска, Петровски како одличен менаџер е најдобро решение да го води ЈСП каде има сериозни финансиски и организациски проблеми

Сосема друга приказна е дали Петровски кој важи за еден од нашите подобри менаџери ќе прифати да соработува со Данела Арсовска која досега покажа речиси никакво познавање на работите во главниот град.

Петровски во моментов е ангажиран на меѓународни проекти а луѓе од негово опкружување велат дека тој ни на сон не би соработувал со контроверзната Данела Арсовска.

Најчитани статии

Ќе оди до крај иако се соочува со добро организирана криминална шема

Македонскиот Елиот Нес со нов предизвик: Дрвокрадци со Мерцедеси од 150 илјади евра

Бугари со навреди кон првиот македонски претседател Киро Глигоров и Македонците

Како Елиот Нес: Влезе во војна со една од најопасните македонски мафии и на пат е да ја победи (ВИДЕО)