Дека не се работело само за убедување поединци каква светла иднина ја чека Македонија откако ќе се прекрсти во „Северна“ отворено призна и еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, кој беше дел од таа валкана игра на доаѓање до бројката 81 „за“ промена на Уставот на Република Македонија, пишува новинаророт Александар Дамовски во напис за МКД.МК според кој ретко кој од ретко некој од актерите на она што се случуваше по 17 јуни 2018 година денес е спремен отворено да зборува.
„Потребни се осум или девет гласа од опозицијата, и тоа мора да биде остварено. Сите велат дека сакаат членство во ЕУ и во НАТО, вклучувајќи ја и опозицијата, а тогаш едноставно мора да ја платите цената на ова решение. Станува збор за решение што е во интерес на земјата, а не на партиите и политичарите. И во таков случај, како може да се обезбедат гласовите? Јас верувам со комбинација меѓу балканското и рационалното“, рече тогаш еврокомесарот Јоханес Хан, потсетува Дамовски.
„Тие денови во тоа значителна беше и улогата на американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли и на шефот на канцеларијата на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар. По потпишувањето на Преспанскиот договор, се отвори и прашањето за предвремени избори за обезбедување на тоа мнозинство. Но тоа ќе беше „европскиот пат“.
Тогаш ЕУ, покажувајќи ја повторно својата непринципиелност, преку Хан даде „балканска“ препорака: „Новите избори ќе бидат само одолжување на патот кон почеток на преговорите за пристапување на ПЈРМ во ЕУ, што е планирано за летото наредната година“ потсетува Дамовски.
Оттогаш поминаа многу лета.
По потпишувањето на Преспанскиот договор, на 30 септември 2018 година се одржа и референдум за прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“
Според толкувањето на тогашната власт (СДСМ и ДУИ) референдумот беше успешен, иако Државната изборна комисија тогаш официјално соопшти:
„Одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список. Или, од 1.806.336 граѓани запишани во Избирачкиот список, гласале 666.743 граѓани, односно 36,91 проценти од вкупниот број граѓани запишани во списокот.
Бројот на неупотребените гласачки ливчиња изнесува 1.139.593“.
(…)
Хан го трасираше патот – остави простор за примена на методи и средства спротивни на принципите и практиките на европската демократија. Ова предизвика зачуденост кај голем број дипломати, кои секојдневно следеа што се случува во Скопје и покрај постојаните укажувања од ЕУ и од НАТО за потребата од реформирање токму на тој балкански принцип на општествено функционирање за земјата да добие шанса да преговара за влез во нивниот клуб.
Овојпат патот за тој влез беше поинаку трасиран. Самото споменување на фразата „балкански начин“ беше доволно јасно за домашните актери како да се изведе тоа. Почна примената на незаконски и насилни методи – уцени, закани, случајни средби со членови на нивни семејства, пиштоли, цевки во стомак, торби со пари, ветувања за поблаги казни или целосно укинување на судските процеси против поединци… Македонија „едноставно мора да ја плати цената“, рече Хан.
Целиоот напис на следниот ЛИНК






