„ВМРО треба да знае дека Европскиот фронт мора да биде во Владата, во спротивно нема да има целосен легитимитет! Во моментов е потребно обединување на албанскиот политички чинител, бидејќи одиме во погрешна насока. Не само како Албанци, туку и во ориентацијата на државата.“ – изјави Аријанит Хоџа, претседателот на Европската демократска партија, која е дел од „Европскиот фронт“, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
ТВ 21 пишува: Аријанит Хоџа тврди дека “ВМРО ДПМНЕ согледува оти има проблем да оствари целосен легитимитет, кога ја нема власта со победникот“. „Европскиот фронт сака прашањето за застапеноста во владата да биде во согласност со реалноста на земјата, со целосен легитимитет на легитимниот претставник на Албанците. Мора да бидеме рамноправен партнер, како што ѝ доликува на оваа држава.“ – посочи претседателот на Европската демократска партија Аријанит Хоџа.
„Со оваа брзина на спроведување на ветувањата против Албанците ќе дојде ден кога и Вреди ќе се измори, трпејќи го понижувањето. Затоа што да влезеш во владата со слоганот за промена и да се оди од промена во неуспех за нив е многу тешко. – изнесе Хоџа.





