Дали од ДУИ самите се канат „да станат дел на Владата“, ама „не сакале без да се врател албанскиот легитимитет“, како што вели Османи?!

„Нема да станеме дел од оваа влада без да се врати легитимитетот на народот!“напиша потпретседателот и портпарол на ДУИ Бујар Османи на својот фејсбук-профил и создаде дилема: кој ги повикува ДУИ да влегле во Владата на Република Македонија, ама тие „нејќеле да станат нејзин дел“ се додека „не се врател легитимитетот на народот“! Или мислат Али Ахмети, Бујар Османи и нивните сопартијци дека „некако“ уште утре ќе се одржат предвремени парламентарни избори, кои тие ги побараа, па дека ќе победат и оти ќе влезат во новата легитимна власт, „внесувајќи го во неа албанскиот народен легитимитет“, врз кој само ДУИ има „тапија на сопственост“ и никој друг од албанскиот политички блок? Или можеби Али Ахмети, Бујар османи и нивните сопартијци од ДУИ се канат самите себеси да „станат дел на Владата“, ама „нејќеле да го сторат без да се врател албанскиот легитимитет“, како што вели Османи?!



Во својата објава на општествената мрежа Бујар Османи ги повторува веќе кажаните неосновани тврдења на неговата партија во врска со албанската коалиција Вреди како дел на македонската влада: „Вреди ја третираат на срамен начин во владата. Сите ние, Албанците, без оглед на политичките убедувања, чувствуваме заедничко понижување. Останува нашиот став дека е срам и предавство влегувањето во владата против волјата на Албанците. Тешко е да се согледаат последиците, кои ги трши нашиот албански народ, поради оваа слабост, незнаење и потценување. Но, наспроти се, ние сме тука. Но нема да бидеме дел на оваа влада без да се врати легитимитетот на народот.