Две причини за сомнеж дека лидерот на Левица е ,,Калигула од Прцорек” за кој зборува директорот на Канал 5 во негова вжерапна објава.
Едната причина е веќе споменатата локација Прцорек во контекст на Апасиев а втората е профилна фотографија која што тој сам ја објавил на социјалните мрежи.
На Фотографијата која ја има на личен профил на една социјална мрежа Апаиев во фото монтажа е прикажан како воен командант на римската легија кој јава на коњ.
Сликата освен сменетиот лик на римскиот воен лидер со ликот на Апасиев е идентична со таа што ја објави Мирчевски.

Директорот на Канал 5 Иван Мирчевски вчера имаше полумистериозна објава на социјалната бизнис мрежа LinkedIn.
Мирчевски цитираше поговорка која се однесува на неименувано лице кое е дефинирано како Калигула од Прцорек.
Во македонската јавност единствена јавна личност која која се спомнува како човек кој е од Прцорек е лидерот на Левица Димитар Апасиев.
Мирчевски во пораката вели дека Калигула од Прцорек може да се надева само дека коњот на кој тој ќе се качи може да стане конзул.
,,До Калигула од Прцорек: Џабе будалата ќе се качи на коњ облечен во одора.
Мојата нова поговорка:
“Кога будалата ќе се качи на коњ и ќе облече војничка одора будалата никако нема да стане генерал, туку ќе остане само будала, а неговиот коњ ке му стане конзул” Посветено на Калигула од Прцорек”, пишува Мирчевски кој заедно со новинари од Канал 5 е предмет на тужба од страна на Апасиев.
Во Пост Скриптум Мирчевски пишува дека поговорката никако не се однесува на ликовите од сликата која ја објавува а во постот ги користи хаштазите:
#macedonia #kanal5tv #moron_on_horse #idiot
Засега лидерот на Левица Димитар Апасиев не реагира на објавата на Мирчевски.
Директорот на Канал 5 до Калигула од Прцорек: Џабе будалата ќе се качи на коњ облечен во одора






