Дали вчера на почетокот на кампањата на големиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ на кој беше промовирана кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова Македонија го доживеа најмасовниот митинг во последниве неколку години.
И покрај тоа што дел од медиумите блиски на СДСМ побрзаа да објават дека собирот бил малку посетен користејќи фотографии и видеа од пред почеток на митингот според должината на просторот пред владата кој беше покриен со луѓе но и густината на луѓето дефинитивно се работи за еден од политичките собири каде имало најголем број на луѓе во поново време.
И покрај апатијата кај голем број луѓе и емиграцијата од која Македонија се празни се чини дека вчера на просторот пред владата на Македонија беа собрани огромна бројка на луѓе каква што досега имало само уште во два три наврати во историјата.
Луѓето кои беа дојдени од сите краеви на Македонија беа распослани од мостот Гоце Делчев се до бината поставена пред владата.
Со оглед на просторот кој беше покриен со луѓе и големата густина која се забележува од снимките од дрон на кои се гледа дека во некои делови има и до 4 лица на квадратен метар може да се претпостави дека вчера на митингот на ВМРО-ДПМНЕ имаше меѓу 50 и 60 илјади луѓе што би била рекордна бројка во историјата на политичките собири во Македонија.
Сведоци на настанот тврдат дека во првите двесте метри од собирот било невозможно да се движите затоа што имало огромна густина на луѓе.
Она што е далеку поважно од бројката на луѓе сепак е дека собирот помина во мирна и достоинствена атмосфера без никакви инциденти.
Ако се прави паралелна во исто време СДСМ организираше собир во Прилеп каде на настанот според снимките кои ги објави Пендаровски се појавиле најмногу до неколку илјади луѓе.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која митингот во Скопје го снимаше со дрон преку кој се гледа колку народ беше собран Пендаровски објавува фотографии на кои не може да се види колкава маса народ се собрал на неговиог прв митинг.
Видео од целиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатката Гордана Силјановска Давкова





