Дали Ахмети, Груби, Османи, Села и Тачи на Илинден покажаа што навистина мислат за Македонија

Покажаа ли вчера лидерите на ДУИ, фракцијата на Алијансата за Албанците и ДПА Ахмети, Села и Тачи како и екс министрите на ДУИ Артан Груби и Бујар Османи Илинден што навистина мислат за Македонија?



Најпрвин наместо на достоинствен начин да го прослават националниот празник на државата за која тврдат дека е нивна тие бараа извинување од шеф на друга држава за инцидент за кој постои сомневање дека е сторен толку од обезбедувањето на Вјоса Османи.

Дополнително од овие пет луѓе кои се дел од таканаречениот Европски фронт ниту еден преку своите профили на Фејсбук од каде што водат политичка борба и испраќаат пораки до јавноста не го честитаа празникот Илинден на македонските граѓани.

Екс вицепремиерот Артан Груби на 4 Јули го честитал денот на независноста на САД но вчера на најголемиот македонски празник не најде време ниту желба преку ФБ да го честита Илинден на граѓаните на Македонија.

Зошто Ахмети, Села, Тачи, Османи и Груби испраќаат ваква лоша порака за Илинден знаат само тие и врвот на нивните партии.

Засега ниту еден од медиумите особено новинарите кои работата на албански јазик не им го поставува прашањето дали со нечеститање на Илинден сакаат да пратат порака дека не ги почитуваат националниот празник на Македонија и генерално македонската држава или само водат детски инает поради добивање поени за дневнополитички цели.

Во меѓувреме шефот на дипломатијата на Косово му врати на европски начин

Протестна нота на министерката за надворешни работи на Косово Грвала до РМ, бара „итно расчистување на инцидентот со Османи“