„Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во Тетово го прими новиот амбасадор на Албанија во * Македонија Денион Мејдани. Ахмети му честиташе на амбасадорот Мејдани за новата должност и го увери дека братските односи меѓу него и претставниците на Албанија во земјава ќе продолжат како и секогаш. Ахмети го информира амбасадорот Мејдани за сегашната политичка состојба во земјата и за последиците, што може да ги донесе одлуката за суспендирање и непочитување на волјата на албанскиот народ, изразена на демократските избори на 8 мај. Ахмети го информираше амбасадорот Мејдани и за ангажманот на Пол Вилијамс и неговиот тим експерти за изготвување на платформата на легитимитетот и недозволување да се гази волјата на Албанците.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“.
„Фол“ ја пренесува натаму информацијата, лиферувана по средбата Ахмети-Мејдани: „Охридскиот договор го загрозуваат и денешните вазали, кои секојдневно ги понижуваат Албанците и се повеќе нѐ враќаат назад, уривајќи ги постигањата од гледна точка на рамноправноста во земјата.“
„Се разговараше и за Коридорот 8. Ахмети и амбасадорот Мејдани беа согласни дека е тоа најважниот историски инфраструктурен проект меѓу двете земји и оти ќе треба да продолжи да се гради. ‘Сувото пристаниште’ во Струга, заедничката контрола на границата, изградбата на пругата Кичево – Драч, како и Коридорот 8, задолжително мора да продолжат да се реализираат прецизно и во целост.“
Home Македонија Дали Ахмети бара од Албанија поддршка за „Платформата за легитимитетот на албанскиот...





