Да ја спасиме малата Николија

Николија Динова е деветмесечно бебе кое боледува од заболување на мозокот и чие здравје секојдневно се влошува.



Потребно е лекување во Германија за кое се потребни големи финансиски средства.

Нејзините родители не можат да ја добијат сами битката против болеста и неопходна им е помошта од добрите луѓе за да успеат да ги соберат неопходните средства за лекување во странство.

Николија заедно со своите родители се наоѓаат во Есен, Германија, каде што треба да почне и нејзиното лекување.

Болничките трошоци за почеток изнесуваат околу 11.000 евра.

Од Болницата им ветиле дека откако ќе ги направат сите потребни испитувања, тогаш ќе излезат и со точната дијагноза по што ќе следува и процесот на лекување.

Минатиот месец Општинската организација Црвен Крст Неготино и Клубот на млади при ООЦК Неготино организираа хуманитарен концерт, но средствата кои беа собрани се многу малку за да се подмират потребните трошоци.

КУД „Јане Сандански“ од Неготино одржа хуманитарен концерт, а средствата собрани на истиот ќе бидат донирани за лекување на ќеркичката.

Во акцијата за спас на малата Николија се вклучија и младите од градот, кои со кутии в раце од врата на врата, се обидуваат да соберат денар повеќе.

Трајче и Наташа Динови направиле бројни испитувања во нашите клиники, но и покрај сите обиди немало подобрување на состојбата на деветмесечното бебе. Затоа и одлучиле дека помош мора да побараат во Германија.

За собирање на потребните средства има многу малку време, во прашање се часови, бидејќи болеста е упорна и агресивна, а лечењето во Есен може да започне, дури кога на сметката ќе легнат првичните неопходни 11 000 евра.

Сите заинтересирани граѓани можат да донираат на жиро сметката и бројот за донации: ►Жиро сметка: 200001907750984 Трајче Динов

►Број за донации: VIP 143461