Македонија деновиве можеше свечено да го одбележува јубилејот 5 години од членството во Европската Унија.
Услов за тоа беше лагите што ги кажуваше поранешниот премиер Зоран Заев да станат реалност.

Иако сите знаеја дека тоа што во 2018 година го зборува Заев беше лага, нему не му пречеше истото да го раскажува пред народот со цел да го убеди дека треба да гласа на референдумот за промена на уставното име.
Народот не се излажа и го урна референдумот, Заев подоцна со насилство обезбеди 80 пратеници за промена на уставот а Македонија ниту во 2020 ниту сега не е членка на ЕУ.
Изјавата на Заев нека остане за памет на Македонците да знаат дека некои политичари лажат дури и кога сите се свесни дека се работи за лаги.






