Пратениците на вчерантаа седница во Собранието со 81 гласа „за“ го усвоија Предлогот на закон за изменување на Законот за здравствената заштита.
Со овие измени се предвидува укинување на економските директори во 40 болници и јавно здравстевни установи.
Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека со поставувањето двајца директори во болниците се создал паралелизам и поголеми трошоци.
Целта на законот, рече Таравари, е рационализација и поголема ефикасност. Тој објасни дека ова е почеток на реформите што следуваат најавувајќи спојување на Клиничкиот центар во Скопје, но и дека секој град ќе има своја општа болница.
Максимум за една година, додаде министерот за здравство, ќе има нов закон за здравствена заштита.
Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека за овие 40 економски директори годишно се одвојувале 960.000 евра и уште толку за оперативни трошоци.
Со овие средства, како што кажа, ќе може да се реконструираат или изградат нови здравствени домови и друго.






