Грчкото знаме реплика на тоа на компанијата „Ист Индија“ од 17 век?!

Во битката на социјалните мрежи меѓу Македонци и Грци околу идентитетски прашања се вадат секакви можни (контра)аргументи, вклучувајќи го и тој дека државното знаме на Грција е реплика на знамето на британската трговска компанија „Ист Индија“ од 17 век!



„Зборувајќи за украдени симболи – нели е сегашното ‘грчко’ знаме преземано од британската компанија ‘Ист Индија’ од 17 век? Гледам британски симбол во боите на Баварија (во обид да се елинизира)“, твитна Ник Петровски од Сиднеј.

Своето знаме компанијата „Ист Индија“ го усвоила по добивањето одобрение за трговија во Индиски Океан од кралицата Елизабета Прва во 1600 година. Сегашното грчко знаме (без кралската круна во средината на белиот крст во горниот лев агол) е во употреба од 1978 година.