48-годишен маж од централна Грција, кој летувал во западниот дел на Пелопонез, починал во четвртокот попладне откако бил примен на Одделот за интензивна нега (ИЦУ) на Општата болница во Пиргос, јјавуваат грчки медиуми.



Тој бил хоспитализиран по тешка реакција на каснување, за кое медицинските експерти веруваат дека најверојатно бил предизвикан од пајак.

Локалните извештаи укажуваат дека тој првично бил прегледан од приватен лекар ортопед поради болки во ногата.

Здравјето на човекот се влошило еден ден подоцна кога развил симптоми кои потсетуваат на каснување, а медицинскиот персонал вложил напори да го одржи во живот.

Медиумите јавуваат дека мажот бил каснат високо кај бутот од ногата, но не почувствувал кога бил каснат.

„ Од описот мислиме дека се работи за каснување од кафеав пајак. Не постои противотров и неговиот развој е генерално доста брз, иако на почетокот не изгледа дека е ништо сериозно. Има ненадејно влошување 72 часа по каснувањето“, велат од болницата.

Кафеавиот медитерански осамен пајак е малку проучен. На предниот дел од телото има изразен белег кој наликува на виолина.

Активен е ноќе, додека дење се крие под камења и лисја.