Лајтмотивот на вчерашниот протест во Атина дека „Македонија е една и само грчка“ не им пречеше на припадници на Грчка православна црква да испратат порака и на „непостоечкиот“ македонски јазик.



„Ние сме православни браќа, но те молам не ја кради нашата историја“, пишуваше на транспарент во рацете на грчки свештеник на плоштадот „Синтагма“ во центарот на Атина меѓу пораките со иста содржина на грчки и на англиски јазик.

ГПЦ му даде поддршка и нејзини членови не само што масовно присуствуваа, туку и беа меѓу говорниците на митингот во главниот град на Грција против употребата на зборот „Македонија“ во името на северниот сосед, иако архиепископот Јероним беше резевиран околу претходниот протест во Солун пред две недели.