Грчки монах бара Грција да си ги врати неослободените татковини, а меѓу нив и Битола и Гевгелија.
„Не само говор на омраза и национализам, туку и класични иредентистички пораки со територијални претензии кон Македонија и Турција, испратиле дел од претставниците на Грчка православна црква на вчерашниот протест во Атина“, пишува порталот „Религија.мк“.
Најексплицитен бил игуменот на Есфигменски манастир, Методиј, претставник на старокалендарците, кој повикал на ослободување на „неослободените грчки територии“.
„Ја бараме Света Софија, Понт, Гевгелија, Битола, Мала Азија. Дајте ни ги назад неослободените татковини“, изјавил игуменот Методиј Есфигменски.





