Грчки заменик-министер изјави дека за името остануваат на ставот од 1990-тите?!

Заменик-министерот за транспорт на Грција, Никос Мавраганис, вели дека Владата во однос на прашањето за името на северниот сосед инсистира на заедничката одлука на партиските лидери од 1990-тите години, според која не прифаќаат ниту едно синтетичко или изведено име од терминот Македонија.



„И остануваме на тоа“, нагласи Мавраганис во интервју за општинското радио Атина 9.84 ФМ, оценувајќи дека дипломатскиот моментум е позитивен за Грција да го затвори прашањето за името на Македонија.

„Скопје е во релативна дипломатска изолација од минатото, бидејќи повеќе нема очигледна поддршка од САД како што имаше некогаш. Наместо тоа, тие ги охрабруваат да најдат заедничко решение со Грција и да го затворат прашањето од повеќе причини“, изјави тој, додавајќи дека „соседот е под притисок од идејата за Голема Албанија, која сака да ги прошири своите граници кон ‘Скопје’“.

Мавраганис е заменик-министер од редовите на националистичката партија Независни Грци на Панос Каменос во коалициската Влада на Алексис Ципрас.