Митинзите како оние во Атина и во Солун минатиот месец се во ред како средство за емоционално ослободување на луѓето и како платформа во знак на протест против актуелната власт предводена од левичар кој беше избран врз основана ветувања дека ќе им помогне на обесправените, но само ги направи посиромашни.



„Ајде да не сe залажуваме: Грција го изгуби ексклузивното право на името „Македонија“ пред неколку децении. Речиси 100 земји ширум светот, вклучувајќи ги суперсилите Русија и Кина, го признаа нашиот балкански сосед под името Република Македонија, а дури и оние кои сеуште се држат до дипломатското име, неофицијално ја нарекуваат земјата „Македонија“.

Најверојатно е досадно – да не зборуваме дека е историски неуко – да се тврди дека луѓето од поранешната југословенска Република Македонија (ФИРОМ) сакаат да се претстават како потомци на Александар Велики и дека имаат иредентистички аспирации зацртани во нивниот устав“, пишува коментатор на електронското издание на „Катимерини“.

Никој не може навистина сериозно да се плаши од какви било иредентистички и територијални претензии од малата земја, чијшто бруто домашен производ е ист како оној на Пелопонез и кој и денес – и покрај напнатоста меѓу Атина и Скопје и грчката економска криза – останува економски протекторат на Грција.

Она што е интересно е дека оваа релативно немоќна држава со 2 милиони етнички Албанци, Срби и Славомакедонци останува стабилен тампон на нашата северна граница без ризик на колабира. Ако се случи тоа, таа лесно може да стане дел од потенцијалните планови за Голема Албанија (Албанија, Косово и ПЈРМ), па дури и „пешак“ во амбициозните шаховски игри на Русија во регионот.

Во тој поглед, пристапувањето на Македонија во НАТО, а подоцна и во Европската унија, ќе го зајакне политички и ги унапредува интересите на Грција, се вели во коментарот.

Сепак, обезбедувањето регионална стабилност е она што е во прашање.

И, не можете правилно да водите надворешна политика кога ќе дозволите да биде диктирана од домашните проблеми, се вели на крајот од коментарот.