Не успеа гласањето синоќа за недоверба на десничарската влада на Кирјкакос Мицотакис иницирано од страна на неколку опозициски партии.
„За“ гласале 141 пратеник, а „против“ 159, објави „Катимерини“.
На 158-те пратеници од владејачката партија Нова демократија им се придружи еден независен пратеник кој се одвои од екстремно десничарската партија Спартанци за да го отфрли предлогот.
Резултатот беше очекуван.
На гласањето му претходеа остри обвинувања на премиерот Кирјакос Мицотакис и лидерите на опозициските партии во многу наполнета атмосфера, во врска со фаталната железничка несреќа во Темпи минатата година, и околу изненадувачката вест за оставката на двајца министри од владата…
Мицотакис и возврати на опозицијата, нарекувајќи го нивниот потег „неприфатлив“ и „несоодветен“ и го осуди нивниот „брутален обид“ да профитираат од тагата за 57-те загинати во железничката несреќа во Темпи на 28 февруари 2023 година…





