Министерот Никола провоцира и ја прекршил Времената спогодба од 1995-та со гостувањето во емисија на „Дојче веле“,на 7 септември, кога како бекраунд на соговорниците во студиото било знамето со шестнаесеткракото сонце од Вергина (Кутлеш).
„Вергина е географска област во Грција која е цел на иредентизмот на ПЈРМ, што е изразен и во уставот на таа земја“, стои во коментар на Твитер.
Проблемот е дополнително поголем бидејќи ваква фотографија била постирана и на официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, коментираат медиуми.
Министерството за надворешни работи ја отстрани спорната фотографија од шефот на дипломатијата Димитров, откако Сител вчера објави дека службите од министерството го илустрирале интервјуто на министерот за „Дојче Веле“ со кадар од симболот што редовно предизвикува бес кај грчката дипломатија.
На официјалната страница на министерството, истото интервју сега е илуструрано со фотографија од Димитров во студиото на „Дојче Веле“, јави Сител.
Грција на почетокот на август упати серија обвинувања за иредентизам од северниот сосед откако македонскиот конзул во Торотно, Јовица Палашевски, се појавил на настан на претставници на македонската дијаспора во Канада на кој имало истакнато карта од Македонија со вклучени територии од сегашна Грција.
Во рекцијата од Атина и од грчкото Министерство за надворешни работи тогаш беше речено дека нашата земја го прекршила Договорот од 1995 година со кој гарантираше дека нема територијални претензии кон провинцијата Македонија на северот од Грција.
Инцидентот од Торонто не пропушти да го спомене и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас кој на крајот на август прстојуваше во официјална посета во Скопје на покана на македонскиот колега, Никола Димитров.





