Ова е реација на професорката и лидер на „Глас за Македонија“, Солза Грчева, на „фрлената ракавица“ од министерот Крешник Бектеши кој во име на ДУИ ги повика партиите што ќе ги изгубат изборите да ги тргнат своите лидери и истите тие повеќе да не се занимавале со политика.



Дистанцирањето од СДСМ, кој евидентно ќе биде губитник на изборите, можеше подиректно да го соопштат. Да кажат отворено дека го напуштаат бродот што тоне. По сизифовската улога од нивна страна и со многу непристојни уцени го држеа бродот да не потоне, но не го задржаа“ пишува Грчева во колумна за „Нова Македонија“.

Но, вели професорфката, Бектеши не објасни што значи „победа“ на изборите. Дали се тоа партиите што ќе состават влада или оние две што освоиле најмногу гласови, а не мора да состават влада. Ако се возат на картата дека ДУИ, колку и да имаат пратеници, мора да бидат на власт, секако се излажале.

Според Грчева,  ДУИ секогаш беше миленик (повеќе не) на странскиот фактор, но без никаков свој став за коалицирање.

„Како ги носеше матната вода, така, по налог, коалицираа. Ги наметнаа во владата на Груевски, со измислената формула „победник со победник“, а последното коалицирање со СДС, исто така одеше под туѓ налог.

Бев сведок во Собранието кога наеднаш им стигна таквата наредба.

Тие никогаш не биле „свои“. Ги третираа како монета за поткусурување, да дополнат нечија влада, а таа позиција тие добро знаеја да ја искористат во своја полза. Илјадници вработени, вицепремиер за ланскиот снег, број на министри непропорционален на бројот на пратеници (само 11), сега и технички премиер, нивно судство и други моќни позиции.

Е, сега тоа е на стаклени нозе. Не знам со каква националистичка реторика да настапуваат, истиот тој странски фактор што ги поддржуваше, сега веќе ги преслушува за корупција. Ниту зелената агенда, која ја гледаме на дело низ ѓубралникот и метежот низ Македонија, тешко дека некого ќе го излаже. Но да оставиме изборите да си го кажат своето“ пишува Грчева.

Околу, како што вели, божемната (непишана) коалиција, „победник со победник“ Грчева вели дека тоа дефинитивно имплицира на федерализација на државата.

Победници кај кого? Во своите трла? Само ние работиме, во 21 век, аспиранти за ЕУ, како партии на племенски заедници.
Ако сме унитарна држава, партиите, без разлика на етничката припадност на членството (за кое ви гарантирам дека е мешано), се натпреваруваат рамо до рамо, неподелено на племенски заедници. Сите тие со свое име излегуваат на политичкиот ринг и се борат да освојат што повеќе гласачи. Без разлика на етничката припадност“, вели Грчева.

„Ако е тоа моделот што треба да се имплементира според Уставот на една унитарна држава, каде што сите партии, еднакво важни со своите програми, неподелени на племенски заедници, и ако се анализираат досегашните резултати, ДУИ секогаш губела. Независно што секогаш коалицирала за да биде во власта. Таа била најчесто трета партија во Македонија. Никогаш не била победник.

На отворениот, а не на затворениот етнички пазар, никогаш не победила.

Само во својата заедница, што е спротивно на унитарниот карактер на државата. За мене тие никогаш не биле победници, токму затоа што се обраќаат само до албанското гласачко тело. Ако беа навистина „зелени“, сигурна сум дека многумина и надвор од нивниот свет ќе гласаа за нив.

Вака, секогаш се трети, односно никогаш не победиле…“ пишува Грчева.

Целиот текст на ЛИНКОТ