Грчева: А „кој е следен“ кој ќе добива инструкции од турбо-фолк инструкторка за пучеви

Професорката Солза Грчева реагира на протестите кои се одвиваат под слоганот „Кој е следен“ откако во јавноста протекоа видео-снимки кои укажуваат на сериозен обид за политичка манипулација и злоупотреба на трагедијата во Кочани:



„И јас се прашувам кој е следниот кој ќе го видиме и чуеме како добива инструкции од српска турбо фолк инструкторка за пучови. Уште се поздравува со несреќникот од една шарена партија со :”Ква, ква, ква”. Веројатно знае дека е недоКВАкан.

Имаат право сите да бараат правда и да се дознае вистината за сите несреќи кои ги предизвика и неказнето помина претходната власт, вклучително и оваа најголемата. Па така ги споменуваат (дури сега):

Беса Транс автобусот каде живи изгореа околу 50 луѓе- протести немаше;
Онкологија – украдени и продадени на црно најскапи лекови за болните од рак. Бројот на жртви, млади и постари, непознат – Протести немаше

Модуларната болница во Тетово – живи запалени/ задушени 15 луѓе – Протести немаше, итн.

За ниту еден од овие случаи немаше ниту прописна истрага, ниту вистински казни“ вели в објава на Фјсбук, Грчева и констатира:

„Е, сега кога се води темелна и неселективна истрага, кога се преземаат и превентивни мерки, излегоа да се побунат.

Шарените пуштени на најјако. Истите ликови. Еднаш шарен (платен), секогаш шарен.
Така не се тагува дечки. Со ква, ква, никого нема да убедите. Чувме и видовме сите. Срамно!

И за крај се чудам зошто не е повикан на разговор манукот кој добиваше инструкции од странство, како да руши држава. За тоа има дело во КЗ“, сподели на ФБ Грчева.

 

Во протечено видео српска инструкторка инструира македонски студенти да го искористат Кочани за создавање тензии (ВИДЕО)