На мажите во Грција ќе им биде забрането да имаат деца од сурогат мајки доколку се сами или се во врска со личност од ист пол, објави грчкиот министер за правда, цитиран од Асошиејтед прес.
Јоргос Флоридис истакна дека предложените измени наскоро ќе бидат ставени на маса во парламентот како дел од пошироката реформа на граѓанскиот законик.
Грција ќе ги легализира истополовите бракови во 2024 година Стана првата православна земја што го стори тоа.
На законот за еднаквост на бракот се спротивставија Грчката православна црква и конзервативните групи.
Парламентот одобри граѓански партнерства за геј парови во 2015 година.






