На околу два и пол часа возење од Исламабад, главниот град на Пакистан, во областа Џелум, оддалечен и изолиран, се наоѓа споменик на Александар Велики.
Нема знаци што водат дотаму, не може да се види од патот бидејќи дрвјата го блокираат погледот на споменикот од околу 60 квадратни метри – голема зграда со мешавина од грчка архитектура. Столбовите се карактеристични грчки, со прикази од битките и ѕвездата на Македонија. Во основата има мермерна плоча со обоена карта на која се гледа целата воена кампања на Александар Велики, пишуваат со одушевување грчки медиуми, кои не така одамна го открија споменикот подигнат во Пакистан во 1997 година.
Одушевувањето достигнува катарза во претпоставката дека таму Александар основал и град и го нарекол Букефала, по неговиот коњ Букефал, што го погребал по една битка во 326 година п.н.е… Градот, подоцна го добил името Гираџ и сегашното Џалапур, но нема траги од споменикот кој, наводно, бил кренат во чест на уште пославниот коњ.
Грција не само што бара артефакти низ светот за билдање на своите антички корени како лулка на цивилизацијата, туку работи и на проекти на историскоо наследство, во стилот „да не се заборави“, за идните генерации.
И , во Атина има споменик на Александар, иако постои поделеност во грчката јавност и меѓу историчари и политичари, дали војсководецот и неговиот татко Филип Втори биле Грци или варвари кои ги освоија грчките градови држави.
Во јануари 2009, тогаш актуелната министерка за надворешни, Дора Бакојани, со ирачкиот колега договорија за изградба на Александар Македонски во близина на Мосул, во чест на пресудната победа (битката кај Гавгамела) над Персиското царство во 331 година п.н.е.
Бакојани, на средбата со ирачкиот колега Хошијат Себари, тогаш вети и финасиска поддршка од проближно еден милон евра за статуа висока седум метри.
По Гавгамела, каде го прегазил персискиот крал Дариј Трети, Александар на 25-годишна возраст се прогласил за крал на Азија.
Оддавањето почест на големите освојувања, мора да го симболизира взаемното влијание меѓу двата народа, грчкиот и ирачкиот, рече тогаш Бакојани.
Оддавањето почест на големите освојувања, ја симболизира недовербата меѓу двата народа, грчкиот и македонскиот, е став на грчката политика кон Македонија.





