Поради штрајк на транспортните работници кои бараат повисоки плати за да се справат со зголемените животни трошоци, дџџенеска б родовите останаа закотвени во пристаништата, железничкиот и патниот собраќај е целосно запрен, јавува Катимерини.



Дури и автобусите и таксистите денеска не работат, па многу патишта во центарот на Атина се пренатрупани бидејќи жителите сами се возат на работа.

Возачите се приклучија на 24-часовниот штрајк на најголемиот синдикат на грчкиот приватен сектор, ГСЕЕ, кој вели дека платите на транспортните работници сè уште заостануваат зад оние на нивните европски колеги. Грција овој месец ја зголеми месечната минимална бруто плата за 6,4 отсто на 830 евра, што е четврто такво зголемување во последните пет години, додека земјата закрепнува од децениската финансиска криза.

Но, работниците велат дека тоа зголемување не е доволно за да бидат во чекор со зголемените трошоци за храна и домување. „Пораката е јасна. Работниците не можат да врзат крај со крај додека земаат најниски плати, а цените вртоглаво растат“, се вели во соопштението на ГСЕЕ, која претставува околу 2,5 милиони работници.

Конзервативната влада на премиерот Кирјакос Мицотакис, која победи на реизборот во јуни минатата година, вети дека ќе ја зголеми месечната минимална плата на 950 евра до 2027 година, кога завршува нејзиниот мандат, и дека ќе ја зголеми просечната плата за повеќе од 25 отсто. до 1.500 евра, до истиот рок.