Менаџментот на катарската државна авиокомпанија „Катар Ервејз“ која што од вчера започна со редовна линија кон Скопје се соочи со неочекуван проблем кој доаѓа од Грција.
Компанијата добила масовни поплаки за употребата на името Македонија во рекламата која што низ светот досега ја виделе стотици илјади луѓе. Поплаките кои најверојатно се дел од организирана операција на некоја организација или грчки државни органи содржат обвинувања дека компанијата ги лаже своите патници кога им најавува дека го превезува до „Влезот на Македонија“.
Во пораките се тврди дека вистинскиот „Gateway to Macedonia“ не скопскиот туку солунскиот аеродром, кој се наоѓа во Македонија, Грција.

Доколку „Катар Ервејз“ не ја повлече одлично направената реклама за летовите кон Македонија од Грција најавуваат бојкот на компанијата.
Прекрасната реклама можете да ја видите тука




