Грција бара средба со шефот на ОН за името

Грчки извори тврдат дека грчкото министерство за надворешни работи со недели работи на средба меѓу министерот Коѕиас и генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутиереш.



На средбата која треба да се случи на средината на септември во Њујорк на маргините на Генералното собрание на светската организација, Коѕиас со Гутиереш треба да разговара за две важни теми. Едната е прашањето за Кипар а втората за спорот за името со Македонија.

Покрај средба со Гутиереш грчката дипломатија работи и на средба на Коѕиас со други колеги но и на средба на премиерот Ципрас со американскиот претседател Доналд Трамп кој се очекува да пристигне во Обединетите Нации.

И на таа средба прашањето за името се очекува да биде дел од агендата, тврдат добро упатени грчки извори.