Грција бара казна за уште еден македонски дипломат

Откако минатата недела официјално протестираше и побара казна за македонскиот конзул во Торонто, грчката влада сега најавува протест и за уште еден македонски дипломат кој според нив ја прекршил времената спогодба.



По најавата за создавање на досие со сите македонски официјални претставници и налогот од министерот Коѕиас до дипломатските претставници да прибираат информации за прекршување на времената спогодба на виделина излезе уште едно име.

Сега Атина бара казна за генералниот конзул во Њу Џерски  Горан Трајков кој според Грција директно ја прекршил времената спогодба со одржан говор на настан на кој било поставено знаме со ѕвездата од Кутлеш ило како што Грција го нарекува ѕвездата од Вергина.

На оваа тема според грчки извори во четворток треба да разговараат министрите Коѕиас и Димитров. Предходно македонското МНР најави истрага за учеството на македонскиот конзул во Канада Јовица Палашевски за одржан говор на настан организиран од македонската дијаспора на кој била прикажана мапа на Етничка Македонија.

Палашевски веднаш беше вратен на консултации во Скопје.

И настанот на кој учествувал Трајков бил организиран од страна на македонската заедница во САД и тој немал никаква улога во неговата организација туку бил гостин.