Грчките граѓани имаат повеќе од позитивен однос кон рускиот претседател Владимир Путин.
Наспроти германската канцеларка Меркел и американскиот претседател Трамп за кои позитивни се изјаснувааат 40 односно 16,5 % од испитаниците за Путин дури 67 % од Грците имаат позитивно мислење.
Ова го открива анкетата нарачана од весникот Катимерини спроведена од страна на Универзитетот Македонија во Солун.
Негативен став за рускиот претседател имаат само една четвртина од Грците додека кај Меркел и Трамп овие бројки се многу поголеми 56 % негативно за Меркел и дури 73 % лошо мислење за Трамп.
Довербата во Путин е на ниво од 41,5 % , за Меркел 27,5 а само 5 % од Грците му веруваат на Трамп.
Повеќе од 43 % од јужните соседи сметаат дека Путин ги поддржува интересите на Грција додека овие бројки кај Меркел се под 30 а кај Трамо само 20 %.
Кога се работи за образованието состојбата е спротивна, само 3,5 % од Грците би студирале во Русија додека во ЕУ би заминале 68 % а во САД 23,5 %.
И покрај симпатиите кон Путин 47 ,5 % сметаат дека Атина треба да ги засили врските со ЕУ, 24,5 % со Русија а само 9 % со САД.





