Груевски ја искоментира смртта на Игор Југ но доби ,,бумеранг” обвинувања дека и тој е виновен за осудените за 27 Април

Екс премиерот Никола Груевски кој живее во Унгарија каде доби политички азил вчера ја искоментира смртта на Игор Југ но на својот Фејсбук профил доби ,,бумеранг” реакции дека и тој е виновен за маките на луѓето осудени за 27 Април.



Груевски во постот зборува за смртта на Фросина Кулакова и за користење на алкохол и дроги при возење но и за смртта на Игор Југ и прогонот на луѓето осудени за настаните од 27 април.

Дел од коментаторите бараат тој да се врати но некои директно го обвинуваат дека тој веднаш по настаните од 27 Април ги нарекувал насилници и барал тие да бидат санкционирани.

,,Убаво што ти текна за Игор ама паметиме дека ти наместо да ги заштитиш уште со првите петли на 28 во 4 наутро кажа дека ги осудуваш и побара да се превземат мерки против нив”, пишува во коментарите во кои Груевски е обвинет дека заборавил што кажувал за луѓето од 27 Април:

,,Така е кога некој заборава што кажува. Па кој ги затвори овие од 27-ми Април, твојата изјава не е избришана од меморија на народот. Ти вака како многу загрижен од таму низ годините, зошто не се врати назад ете твоите се на власт, сигурно нема да ти судат. Но едно знам, дека на сите заедно треба народот да ви суди”.

Друг го обвинува дека мирно им ја предал власта на Заев и неговите следбеници.

Во трета реакција се вели дека на Груевски ќе му се верува само кога во затвор ќе заврши и неговиот братучед Сашо Мијалков кој стана еден од најбогатите Македонци токму кога Груевски беше премиер.

Мијалков за кого Груевски никогаш не коментирал индиректно се споменува во уште еден коментар.

,,Поздрав претседателе
Црвено Ферари дали можи да се вози по улиците на Будимпешта и со која брзина???
А Игор Југ некој од Виена директно го нарече насилник, Игор Југ се заблагодари тогаш за тоа и сега уште повеќе одозгора ќе биди поблагодарен на пријателот со жолт 100’кец!
П.С. сочуство до семејствата на Фросина и Игор”.

Некои Македонци од Груевски бараат одговори зошто избегал а не ги решил проблемите преходно.

,,Никола зошто ти кога беше премиер не среди многу вакви проблеми коишто и тогаш ги имаше …преку ноќ избега од државата со народните пари …

Некои пак се чудат зошто Груевски се смее на објавената слика.

Целиот пост и сите коментари на овој линк

https://www.facebook.com/share/1A1bf9YifZ/