Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, на шега рече дека во судот доаѓа толку често што треба да му дадат канцеларија и плата.
„Против мене се води политички процес, во кој што судиите треба да одработат“ рече тој, пренесе „Фокус“.
Секој ден сум во судница, бидејќи Заев и Димитров го решаваат името и им треба народот да зборува за Груевски и случаите, рече експремиерот Никола Груевски по судењето за предметот „Тенк“.
Груевски е директно или индиректно инволвиран, според СЈО, во низа судски предети кои почнуваат на буквата „Т“.





