Името е дел од идентитетот, и намерата е идентитетот да ја следи судбината на името, на еден или на друг начин.Грција нема да дозволи никаде во меѓународните политички институции да пишува Macedonian за нашиот јазик или нација.
Грција не прифаќа да имаме договор кој би го поминале во нивниот парламент, во кој нашиот јазик и националност би се напишале на англиски како „македонски“, односно macedonian. Тоа значи дека не е подготвена да го прифати нашиот идентитет, и бара, и ќе бара, разни форми за тоа да не се случи. вели екс-премиерот по вчерашното интервју за порталот „Република“.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ вели дека во 2008 година пред Самитот во Букурешт биле исполнети сите услови за зачленување во НАТО, а една година подоцна и за почеток на преговорите за полноправно членство во Унијата, што беше и јавно обелоденето од нивна страна.
Сепак, пречка за реалзиација на овој наш стремеж беше нашето име и идентитет, вели Груевски.
Тој додава дека имало воља од македонска страна да се реши прашањето со компромис што што подразбира позначителни остапки од двете страни.
„Тие сакаат да го решат во нивна корист безмалку целосно. Затоа и не успеаја нашите напори“.
Грција, како и цел свет знаат дека ова е марионетска власт која е донесена, а не избрана од народот, со цел да попушти по ова прашање, и да направи целосно редефинирање на земјата. Да ги задоволи сите други, освен сопствениот народ, вели Груевски во интервјуто за „Република“.





