Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи на социјалните мрежи за да го „поздрави“ поразот на СДСМ и убедливата победа на ВМРО ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори.



„Вчера, иако со поголемо задоцнување, убедливито мнозинство народ жестоко ги казни и порази политиките на СДСМ кои ги постави Зоран Заев, а ги следеа неговите слепи послушници“, пишува Груевски на Фејсбук.

Според него, тоа беа политики полни со национални предавства, криминали, длабока корупција и лично богатење на грбот на граѓаните, секојдневни лаги и манипулации, злоупотреби, политички прогони на неистомислениците, не функционалност на државните институции и нивно ставање во лична полза, како и неспособност од големи размери.

„Политики кои Македонија ја уназадија во секој поглед, неповратно иселија огромен број граѓани и ја доведоа земјата во позиција на потчинетост пред негаторите на нацијата и на македонскиот идентитет, јазик, историја, име, националност и посебност.

Политики со кои Македонија беше константно 7 години економски уништувана, осиромашувана, ограбувања и морално пропаѓана.

ВМРО-ДПМНЕ доби голема подршка од граѓаните.
Честитам!
Но, и голема обврска пред народот, и големи очекувања и надеж кај нив, кои не смее да се изневерерат. Со среќа! И со ум#! – порача Груевски.