Вицепремиерот и ударна тупаница на Али Ахмети Артан Груби е фатен жив на Твитер како купувал ,,лајкови” од многу странски држави.
Од видеото објавено на Твитер се гледа како ДУИ ,,станала” популарна партија во Киншаса, Дака, Џакарта, Манила и многу други светски градови.
Всушност од видеото се гледа дека ДУИ во недостаток на сопствени автентични лајкови купувала поддршка од таканаречени Фарми на ботови кои за пари на Фејсбук можат да ти стават лајк или срценце.
,,Колку чини БОТ фарма да ти срцка профил на Фејсбук со профили од Кинсаша, Кејп Таун, Њујорк, Банкок, Гватемала Сити, Марсеј, Џака, Манила, Џакарта и градови од Сенегал, Чад, Малезија……и.т.н.????
Премногу ти љубат политиките”, пишува на профилот кој ги фатил лажните но добро платени поддржувачи на ДУИ низ светот.
Видеото со платените ботовите на ДУИ во твитот
Здраво Нежни @ArtanGrubi.
Едно питајњце мојт?
– Колку чини БОТ фарма да ти срцка профил на Фејсбук со профили од Кинсаша, Кејп Таун, Њујорк, Банкок, Гватемала Сити, Марсеј, Џака, Манила, Џакарта и градови од Сенегал, Чад, Малезија……и.т.н.????
Премногу ти љубат политиките?❤️ pic.twitter.com/bD8C85jXD1— Фортификација (@Fortiifikacija) March 10, 2024





