Груби веќе не е на Косово, Ковачевски заминал во далечна дестинација, тврди македонски медиум

Екс вицепремиерот Артан Груби кој се бара со меѓународна потерница се крие во албанскиот град Драч во објект кој не е во негова сопственост а екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој не се бара со меѓународна потерница заминал за Нов Зеланд, објавува неделникот Фокус.



Поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кои се осомничени во случаите „Лотарија“ и „Адитив“, засега не се достапни за органите на прогонот а официјално не се познати локациите на кои се кријат.

Пред неколку дена, Груби влегол во Косово, но, како што велат високи владини извори за „Фокус“, надлежните институции располагаат со информации дека тој заминал за Албанија и моментално престојува во место покрај Јадранско море близу Драч.

Што се однесува до Ковачевски, пак, истите извори тврдат дека тој заминал за Нов Зеланд, каде имал роднини и пријатели.